Достапни линкови

logo-print

Авганистан:Гани ја отвори новата сесија на парламентот


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја отвори новата сесија на парламентот. Во својот поздравен говор денеска тој ги пофали државните безбедносни сили нагласувајќи дека бунтовниците кои се обидуваа да преземат неколку провинции биле поразени од војската и полицијата. Гани рече и дека наскоро на парламентот ќе му ги претстави новите номинации за неговиот кабинет и ќе побара одобрување. Пратениците веќе одбија некои од предлозите на претседателот поради двојно државјанство или некомлетни документи за образование. Според агенциите недостигот од министри во владиниот кабинетна Гани веќе предизвикал проблеми забавувајќи ја работата.

XS
SM
MD
LG