Достапни линкови

logo-print

Процес


Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Еден ден целава игра ќе заврши, ќе ги ислушаме сите снимки, ќе си ги потврдиме сомнежите за криминалите на власта, но се запрашал ли некој што понатаму, каде ја гледаме разрешницата, пишува претседателот на УМС на ВМРО-НП, Дино Блажевски, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Некако се опоравувам од последнава „бомба“, реално, вчерашната бомба е вистинскиот почетокот, иако наназад имаше уште шест со помал интензитет, но со своевидна важност и тежина за која не треба да се премолчи. Но, дали народот ја гледа или се обидува воопшто да ја почувствува јачината на овие бомби, со оглед на тоа дека од епизодите со прислушувањето се прават вицеви и шеги кои служат за засмејување, иако ситуацијата не е нималку смешна, колку и нелегитимните министри кои се главни актери да навредуваат, омаловажуваат или озборуваат.

Не ме трогна тоа што го слушнав вчера, туку само ми го потврди сомнежот дека не така едноставно се губат илјадници гласови за време на изборните процеси, како што ние од оваа страна го гледаме тоа. Всушност во една прилика и затворениот генерал од 2001 година со воодушевување како она на министерката, се фалеше како успеал да здипли шеесет илјади гласови од десната опозиција.

Не ме трогна тоа што го слушнав вчера, туку само ми го потврди сомнежот дека не така едноставно се губат илјадници гласови за време на изборните процеси, како што ние од оваа страна го гледаме тоа. Всушност во една прилика и затворениот генерал од 2001 година со воодушевување како она на министерката, се фалеше како успеал да здипли шеесет илјади гласови од десната опозиција. Да не зборуваме за очајната економска и финансиска состојба во која (реално) се наоѓа Македонија, а за тоа нè известува токму најодговорниот, односно министерот за финансии. Обидите да се испере целата ситуација од страна на владејачките структури со, според нив, прислушувањето од страна на „странските служби“ и покажувањето на колегијалноста после искажаните гнасотии еден наспрема друг во нивниот табор како да добива сосема друг тек, настрана од планираниот, со упорно ширење на небулозата наречена „странски служби“ и можната ескалација од безбедносен аспект. Ме интересира која е таа сериозна странска служба, толку сериозна да во еден момент успее да додели еден милион фајлови и тоа на лице кое нема никаква професионална линија со таа служба, во овој случај претседателот на СДСМ? Зошто досега никој не се изјаснува за автентичноста, но и никој не превзема законски мерки кон тие странски служби кои наводно вршеле прислушување?

И добро... Еден ден целава игра ќе заврши, ќе ги ислушаме сите снимки, ќе си ги потврдиме сомнежите за криминалите на власта, но се запрашал ли некој што понатаму, каде ја гледаме разрешницата. Многу експерти се јавуваат последниов период и во своите експертизи предлагаат правна разврска. Нели е малку нон сенс да докажуваш дека правната држава не функционира, а од друга страна, пак, да очекуваш правда после криминал од невидени размери токму од истите луѓе кои (не) ја спроведуваат таа правда.

Сè повеќе се слуша за политичкиот договор или идејата за наводна „техничка или експертска влада“ која реално е и единствената политичка алатка во моментов која може без многу последици да навести разрешница на целава ситуација. Токму таа техничка или експертска влада би овозможила терен за слободни и демократски избори растоварувајќи ги медиумите кои се приклештени со милионски спонзорства, со прочистување на избирачките списоци и контрола на тој изборен процес од страна на суштинските министерства кои би ги воделе луѓе експерти. Бидејќи пред некој ден јавно на веб интервјуто кое се водеше во живо со претседателот на СДСМ го прашав дали таа, идна техничка влада ќе може да спроведе попис на населението, а одговорот беше негативен, па би сакал да прашам како тоа се планира прочистување на избирачки списоци и се планираат изборни процеси без претходно да се знае колку жители реално воопшто има Македонија, не броејќи ги и мртво-живите кои гласаат во континуитет.

Еден ден целава игра ќе заврши, ќе ги ислушаме сите снимки, ќе си ги потврдиме сомнежите за криминалите на власта, но се запрашал ли некој што понатаму, каде ја гледаме разрешницата.

Не можам да кажам дека ми е мило, но се радувам што целата ситуација со нашата Македонија почна да се придвижува од моментот кога студентите го кренаа гласот против лошите политики, продолжи со хонорарците кои го кажаа својот став, а сега како и институциите не можејќи да го издржат притисокот со кој се соочуваат учествувајќи во разнебитувањето на државата од секој аспект и на секое поле ја поттурнаа вистината на виделина. Можеби една од причините за ваквиот тек е и немањето на политичка култура кај луѓето кои ја „водат“ државата, велам луѓето бидејќи се увериме дека токму оваа гарнитура е нелегитимна и не заслужува да се именува со поимот политичари.

Ова е тежок и трнлив пат по кој мора да изодиме доколку сакаме да извојуваме слобода и демократија, македонскиот народ трпел многу години ропство и неправди но доаѓаат години и генерации кои сакаат и можат да се изборат за своето.

Останува со будно око, сталожено и разумно да ги следиме следните потези на власта и опозицијата и во ниту еден момент да не дозволиме некој да манипулира со чувствата на народот и етничките заедници бидејќи токму народот одлучува кој е кој и колку ќе трае, а ако гладниот народ се обедини и го крене гласот тогаш не помагаат ниту гумените куршуми кои неодамна ги изгласавте.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG