Достапни линкови

logo-print

Украина во фокусот на министерскиот состанок на ЕУ


Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија во главниот град на Латвија Рига втор ден разговараат за војната во источна Украина. Состанокот на министрите од 28 земји-членки доаѓа во период на зголемена тензија меѓу Европската унија и Русија за поддршката на Москва за сепаратистите во Украина. Спроведувањето на прекинот на огнот договорен во Минск е високо на агедната на состанокот во Рига. Вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот германски колега Франк Валтер Стајнмајер во телефонски разговор се согласиле за потребата ОБСЕ да го удвои бројот на набљудувачите во Украина.

XS
SM
MD
LG