Достапни линкови

ОН:Уривањето во Нимруд е воено злосторство


Портапаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун рече дека борците на Исламска држава извршиле воено злосторство со уривањето на остатоците на стариот асириски град Нимруд во северен Ирак. Намерната деструкција врз нашето заедничко културно наследство претставува воено злосторство и напад врз човештвото во целост, наведе портпаролот во вчерашната изјава. Бан треба да се сретне со шефот на оделот на ОН за културно наследство Ирина Бокова во текот на денешниот ден за да разговараат за демолирањето во Нимруд. Ирачкото министерство за туризам соопшти дека претставниците на Исламска држава почнале со уривањето на петти март.

XS
SM
MD
LG