Достапни линкови

ОБСЕ да го зголеми бројот на набљудувачи во Украина


OSCE observers.

OSCE observers.

Рускиот Министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот германски колега Франк Валтер Штајнмаер го повикаа ОБСЕ да го удвоу бројот на набљудувачи што го има во Украина на 1000 луѓе. Во меѓувреме претставници на Русија, Украина, Германија и Франција денеска имаа средба во Берлин, како дел од континуираните напори за решавање на конфликтот во источниот дел на Украина.

Рускиот заменик Министер за надворешни работи Григориј Карасин, по состанокот рече дека „сите ние“ освен украинскиот претставник се согласивме дека треба да се фокусираме на зајакнување на улогата на мисијата на ОБСЕ и на Контакт групата. Договорот за прекин на огнот потпишан во Минск ги намали борбите во источна Украина, но процесот и натаму е кревок и продолжуваат пријавите за кршење на прекинот на огнот.

XS
SM
MD
LG