Достапни линкови

Двајца повредени во експлозија во Харков


Високот претставник на специјалната полиција во Киев, Андреј Јанголенко и неговата жена Ина се повредени во експлозија на бомба што била поставена под неговиот автомобил, во источниот град Харков. Полицијата соопшти дека по експлозијата тие биле однесени во болница. Градските власти соопштија дека тие имаат повреди од шрапнели. Јанголенко командува со полицискиот батаљон чии членови одбија да учествуваа во разбивањето на протестите кои доведоа до соборување на претседателот Виктор Јанукович во февруари 2014 година.

XS
SM
MD
LG