Достапни линкови

Убиен е таџикистанскиот опозициски лидер Умарали Куватов


Таџикистанскиот опозициски политичар и бизнисмен Умарали Куватов е убиен во Турција, соопштија официјални претставници. Куватов синоќа е застрелан во глава на улица во Истанбул од неидентификуван напаѓач, изјави за Радио Слободна Европа неговоиот соработник, Шарофидин Гадоев.

Турските власти потврдија дека Куватов е убиен, но официјалните лица во Министерството за надворешни работи на Таџикистан рекоа дека не можат да коментираат додека министерството не добие повеќе информации. Тајкунот некогаш имаше блиски врски со престседателот Емомали Рахмон, но потоа му стана противник.

Тој беше баран од Душанбе за обвиненија за измама, за кои тој велеше дека се политички мотивирани. Неговата политичка организација „Група 24“ беше забранета во октомври, кога владата ја нарече екстремистичка група.

XS
SM
MD
LG