Достапни линкови

Путин си ја намали платата за десет отсто


Russian President Vladimir Putin.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се намалува неговата плата за 10 проценти, како и платите на другите високи функционери. Кремљ денеска соопшти дека платите на Путин, премиерот Дмитриј Медведев, Јавниот обвинител Јуриј Шаика, и шефот на Истражниот комитет Александар Баструкин, ќе бидат намалени за 10 отсто.

Од 1 мај намалувањето на платите ќе важи и за вработените во администрацијата на Кремљ. Намалувањето доаѓа откако руската економија е силно погодена од големиот пад на цената на нафтата, што е главниот извоз на земјата и од ефектите на санкциите на Западот наметнати за мешањето на Москва во Украина.

XS
SM
MD
LG