Достапни линкови

Навални ослободен од притвор


Opposition leader Aleksei Navalny leaves a detention center in Moscow.

Opposition leader Aleksei Navalny leaves a detention center in Moscow.

Истакнатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, излезе од притвор во Москва и вети дека ќе продолжи да ја предизвикува владата на претседателот Владимир Путин за убиството на критичарот на Кремљ, Борис Немцов.

Навални беше ослободен денеска откако помина 15 дена во притвор за дистрибуција на летоци за промоција на протести кои се планирале за 1 март. Митингот се претвори во марш на жалост посветен на Немцов, кој беше убиен на 27 февруари.

По ослободувањето Навални рече : „нашите активности нема да се променат, нема да ги намалиме нашите напори и нема да се повлечеме.“ Навални изјави дека верува оти Немцов е убиен „по наредба на политичкото раковоидство во земјата“, нагласувајќи дека е вклучен и Путин. Навални, кој беше движечка сила во протестите од 2011 и 2012 година има две условни казни.

XS
SM
MD
LG