Достапни линкови

Сведокот на убиството на Немцов доби смртни закани


Украинските власти велат дека отвориле кривична истрага откако, клучниот сведок во убиството на рускиот опозициски политичар Борис Немцов, рече дека добивала закани. Украинскиот модел, 23 годишната Ана Дурицка беше со Немцов кога тој беше убиен во центарот на Москва на 27 февруари.

Канцеларијата на украинското Јавно обвинителство денеска соопшти дека Дуритска пријавила во полицијата во Киев дека добила смртни закани од непознати луѓе. Јавниот обвинител Виктро Шокин наредил да се преземат сите неопходни мерки за да се заштити здравјето на Дурицка.

Од Јавното обвинителство рекоа неколку специјални полициски службеници ќе ја обезбедуваат Дурицка, која на 3 март рече дека не го видела убиецот на Немцов и дека не можела да го препознае моделот и регистарските таблички на автомобилот што го видела во близина на местото на настанот.

XS
SM
MD
LG