Достапни линкови

Попоски на состанок на ЕУ во Рига


Министерот за надворешна работи на Македонија Никола Попоски

Министерот за надворешна работи на Македонија Никола Попоски

Министерот за надворешна работи на Македонија Никола Попоски денеска и утре во Рига ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија и земјите кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Исланд, Црна Гора, Србија и Турција. На неформалниот состанок Попоски ќе учествува на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Летонија Едгарс Ринкевичс. Тема на состанокот ќе биде јужното и источното соседство на ЕУ, при што дискусиите ќе се фокусираат на прашања поврзани со најновиот развој на настани во земјите од овој регион. Се очекува акцентот да биде ставен на случувањата во Украина, како и за состојбите во Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG