Достапни линкови

Жестоки борби во сирискиот град Алепо


Жестоки борби продолжуваат и денеска во сирискиот град Алепо, на два дена откако опозициските борци активирале експлозив во тунелот што го ископале под штабот на владините воздушни сили. Сириската војска соопшти дека убила и ранила многу опозициски борци во битката по драматичниот напад во тунелот. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека владините сили убила најмалку дваесетина цивили во близина на Алепо. Лидерот на сириската опозиција во егзил Калед Која во Париз за прв пат изјави дека предуслов за мировни преговори не е симнувањето на претседателот Башар ал Асад од власт. Во меѓувреме Москва најави дека во април ќе биде домаќин на преговори меѓу двете сириски страни.

XS
SM
MD
LG