Достапни линкови

logo-print

ОН: Илјадници цивили го напуштиле Тикрит


Обединетите нации соопштија дека 28 илјади цивили пристигнале во градот Самара бегајќи од Тикрит каде што ирачките владини сили и шиитските милиции ја продолжуваат офанзивата со цел враќање на контролата врз овој град кој е освоен од милитантите на Исламската држава. Се прецизира дека голем број цивили се уште се наоѓаат во градот каде што веќе петти ден над 30 илјади ирачки војници и вооружени шиити се борат против сунитските милитанти на Исламската држава. Сунитските цивили во Тикрит страхуваат дека шиитите би можело да вршат одмазда доколку го освојат градот.

XS
SM
MD
LG