Достапни линкови

Почина музичарот Влада Дивљан


Еден од великаните на југословенската и српската музика почина денеска на 56-годишна возраст во Виена, по долго и тешко боледување. Влада Дивљан на крајот на седумдесетите години беше член на џез-рок групите „Мерлин“ и „Звук улице“, а од 1980 до 1984 година беше предводник на вокално-инструменталниот состав „Идоли“. Од 1985 година ја продолжи самостојно да се занимава со поп-рок и со филмска музика. Од август 1991 до септември 1997 година, живееше во Сиднеј, по што се врати во Белград и од јуни 1999 година живееше и работеше во Виена.

XS
SM
MD
LG