Достапни линкови

Груевски: Во правото се гледа тежината на кривичните пријави


Prime Minister, Nikola Gruevski.

Prime Minister, Nikola Gruevski.

Премиерот Никола Груевски коментирајќи ги поднесените кривични пријави од страна на СДСМ за поголем број функционери, рече дека лидерот на опозицијата Зоран Заев, се обидува да пушти што е можно повеќе кривични пријави за да испрати порака до јавноста дека и тие имаат пријави и да стави некаков знак на равенство дека сите имаме кривични пријави и оти тоа е нормална работа.

Груевски вели дека институциите ќе ги погледнат фактите и аргументите и ќе оценат што треба. Според него, битна е содржината и квалитетот на пријавите, а не бројката.

„Во правото не се гледа бројот, квантитативно кој колку поднел кривични пријави, туку се гледа тежината на тие кривични пријави. Се гледаат фактите, аргументите, законите.“

Груевски додаде дека, Заев прави ревитализирање на неговите изјави од типот дека не е важно кој снимал, дали снимал Заев или некој друг.

Со реакција на проширената кривична пријава на опозицијата излезе и владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, која го повика опозиционерот Стево Пендаровски следниот пат кога ќе оди во Јавното обвинителство да каже како Зоран Заев ги прибавил прислушуваните разговори, со која странска служба соработувал и да објасни што странските тајни служби очекуваат за возврат.

„Ова се прашањата кои јавноста ги очекува од СДСМ за сценариото кое го готват Заев, Верушевски, нивните соработници и странската служба“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG