Достапни линкови

Украинската пилотка привремено го прекина штрајкот со глад


Ukrainian military pilot Nadia Savchenko.

Ukrainian military pilot Nadia Savchenko.

Адвокатот на украинската пилотка Надја Савченко, вели дека таа делумно го прекинала штрајкот со глад, кој траеше 83 дена. Нејзиниот адвокат на Твитер објави рачно напишано писмо во кое Савченко напишала дека ќе се напие супа со цел да живее и да лета. Таа им се заблагодари на поддржувачите и напиша: „Ќе се борам, заедно со вас“ и додаде дека за да се бори мора да биде силна. Адвокатот рече дека ја посетил Савченко во московскиот затвор и дека таа се согласила да ги следи препораките на лекарите. Тој напиша дека се работи за делумен прекина на штрајкот со глад. Савченко вели дека била киднапирана од страна на проруските сепаратисти во источна Украина и била пренесена во Русија, каде е обвинета за учество во напад во кој загинаа двајца руски новинари известувајќи за конфликтот.

XS
SM
MD
LG