Достапни линкови

САД ги следи акциите на Иран


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД продолжува да ги мониторира, како што вели, „дестабилизирачките акции“ на Техеран на Блискиот Исток, во моменти кога светските сили и Иран се обидуваат да постигнат договор за нуклеарната програма на Техеран. Кери денеска зборуваше од Ријад по средбата со монархот на Саудиска Арабија и министрите за надворешни работи Советотот за соработка на Заливот. Посетата следува по тридневните разговори со иранскиот Министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф во Швајцарија со цел да го убеди Иран да ја ограничи нуклеарната програма и во замена за ослободување од економските санкции. Шесте глобални сили и Иран поставија краен рок до крајот на март за рамковна спогодба и до 30 јуни за целосен договор.

XS
SM
MD
LG