Достапни линкови

Гостинки од соседството за 8 март во Охрид и Струга


Албанки, Србинки, Црногорки и Хрватки ќе бидат најбројни гости, велат хотелиерите.

Туристичките капацитети во Охрид и Струга ќе бидат исполнети за 8- ми март, денот на жената, барем вакви се најавите од хотелиерите. Албанки, Србинки, Црногорки и Хрватки ќе бидат најбројни гости. Од хотелите најавуваат дека за осмомартовскиот викенд нудат дводневни и тродневни аранжмани. Ана Јанчева мемаер во хотел „Дрим“ во Струга вели дека најбројни во нивниот хотел ќе бидат гостинките од Албанија.

Ги искористивме саемите во Софија, Албанија кои се резултат на поранешна соработка за презентација на самиот хотел. Верувам дека сите по своите канали ги презентирале своите програми најдобро што можеле.
Ана Јанчева мемаер во хотел „Дрим“

„Се уште ги имаме нашите традиционални гости од Албанија и поголем број на македонски гостинки од Битола, Прилеп кои се одлучиле да престојуваат за 8-ми март кај нас. Од Албанија ќе дојдат околу 160 луѓе. Бидејќи 8-ми март се паѓа оваа година во недела, резервациите се на едно ноќевање. Ќе им понудиме свечена вечера или свечен ручек и музика и тоа е како подарок од нас и мислам дека тоа во потполност ќе ги задоволи нивните очекувања“, вели Јанчева.

Јанчева вели дека се предвидени и други изненадувања за нивните гостинки. Таа додава ја промовирале Струга и нивниот хотелски капацитет во соседните држави.

„Ги искористивме саемите во Софија, Албанија кои се резултат на поранешна соработка за презентација на самиот хотел. Верувам дека сите по своите канали ги презентирале своите програми најдобро што можеле“, вели Јанчева.

Слично е и во Охрид. Од хотелите се задоволни од пополнетоста иако велат дека можело да биде и подобро.

„Имаме две групи гости кои ќе простојуваат во период од 6-8 март. Станува збор за гостинки од Србија и Хрватска. На гостите ќе им понудиме свечена вечера и музика“, рекоа од хотел Милениум Охрид.

И во хотел Метропол ќе има гости за 8- ми март. Во хотелот Климетица гостинките ќе бидат од Црна Гора.

„Традиционално нашите гости се од Србија и Бугарија. Ќе им понудиме свечена вечера и музика“, рече Перо Кутаноски од хотел Гранит.

Туристичките работници од Охрид и Струга велат дека добрите најави за 8- ми март треба да бидат увертира за добра сезона на која сите се надеваат. Очекуваат многу повеќе гости, а надеж како што велат, им даваат и најавите за воведување директни авионски линии од Базел, Лондон, а можеби и Истанбул до Охридскиот аеродром.

XS
SM
MD
LG