Достапни линкови

Нераскажаните ликовни приказни на суперхероите 2 во КИЦ


„Нераскажаните приказни на суперхероините 2“ е насловена групната изложба што од 6 до 13 март ќе се обистини во Културно-информативниот центар во Скопје. Ќе бидат претставени 20 ликовни стории на исто толку македонски уметници кои се однесуваат на критични теми поврзани со правата на жените, две децении по Четвртата конференција на ОН за правата на жените, одржана во Пекинг 1995 година.

Дијана Богдановска, Кристина Божурска, Инес Ефремова, Алма Идризи, Петра Јовановска, Маја Кировска, Ирена Паскали, Дијана Томиќ Радевска, Вана Урошевиќ...се само некои од 20-те македонски уметници чии дела ќе се најдат на групната изложба „Нераскажаните приказни на суперхероините 2“ што од 6 до 13 март ќе се одржи во салонот „Империјал 1“ на Културно-информативниот центар во Скопје.

Ако не се обидеме на начинот на кој ние најдобро знаеме да говориме, а тоа е со ликовниот јазик да кажеме нешто, тогаш и не може да очекуваме некоја промена.

Организатори на оваа постановка се Град Скопје, Канцеларијата на жените на ОН во Република Македонија, Универзитетот за аудио-визуелни уметности – ЕСРА и Институтот за родови студии при Универзитетот „Кирил и Методиј“, а куратор е уметницата Маријета Сидовски.

Христина Зафировска.

Христина Зафировска.

Таа појаснува дека идејата за изложбата е преку сопствениот ликовен јазик да проговорат за она што ги засега во врска со борбата за права на жената. Истакнува дека на овој начин и нашава земја се приклучува на светското одбележување на двете децении од Четвртата конференција на ОН за правата на жените, одржана во Пекинг 1995 година, на која по толку многу години беа изгласани еден низ закони за подобрување на статусот на жената во општеството.

За судирот меѓу насетената сексуална слобода и ограниченоста, менталитетот и традицијата на една закоравена патријархална средина. Овие дела, воедно, говорат за женската сексуалност, сензуалност, фрагилност...

„Ако не се обидеме на начинот на кој ние најдобро знаеме да говориме, а тоа е со ликовниот јазик да кажеме нешто, тогаш и не може да очекуваме некоја промена. Секогаш е добро да испратите една порака и таа да оди во етерот. Можеби нема моето дело или мојата порака да стигнат онаму каде што сакам јас, но сигурно една од тие дваесет кои ги праќаме на овој начин ќе стигнат до оние на кои им се наменети и ќе ги раздвижи работите од мртва точка. Ќе помести нешто“, вели Сидовски.

Таа дополнува дека ова се можеби ситни, минимални напори и чекори, но нагласува дека и тоа како се значајни и потребни оти без нив тие и не би можеле да очекуваат дека нешто може воопшто и да се смени во општеството.

Шќипе Мехмети, пак, знае да каже дека на оваа групна изложба ќе го претстави триптихот „Вечност“, графика работена со сува игла и акварелни боички создадена на крајот на минатата година.

„Станува збор за дело од мојот нов циклус на кој работам подолго време и со кој се обидувам преку јазикот и можностите на графиката да проговорам отворено за проблемот на потиснатата еротика и притаениот еротски полнеж на жената од овие наши балкански простори. За судирот меѓу насетената сексуална слобода и ограниченоста, менталитетот и традицијата на една закоравена патријархална средина. Овие дела, воедно, говорат за женската сексуалност, сензуалност, фрагилност... “

Од друга страна, Христина Зафировска за „Нераскажаните приказни на суперхероините 2“ одбра една од сликите од нејзината самостојна изложба одржана во ноември минатата година во КИЦ насловена како „Wo-man“ и на која имаше дела кои гласно говореа дека жената не е само тело, кукла, полов орган и најмалку порнографија.

„Овојпат ќе биде претставено само делото кое става акцент на тоа дека жената не треба да се третира само како објект за репродукција. Мислам дека целиот тој процес во однос на правата на жената кај нас се уште оди споро. Барем таква е мојата проценка. Проценка на триесетгодишна жена која своето искуство го компарира со она на нејзината баба, мајка ...Како некогаш, а како денес се одвиваат тие процеси. Сметам дека за сето она за што се бори жената таа постепено си ги добива своите права, но не го исклучувам моментот дека живееме во такво поднебје каде ќе ни биде потребно многу време за да се искоренат некои предрасуди и застарени сфаќања.“

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG