Достапни линкови

Москва вознемирена од активностите на Исламската држава


Министерството за одбрана на Русија соопшти дека забележува зголемени активности на групите на Исламската држава во земјите кои припаѓаат на Организацијата за колективна безбедност (ЦСТО). Рускиот заменик Министер за одбрана Анатолиј Антонов, изјави дека Москва во голема мера е вознемирена од ситуацијата на јужните граници на државите на (ЦСТО). Тој рече дека единици на ИД сепојавиле на јужните граници на руските сојузинци, вклучително и Таџикистан. Заедно со Русија и Таџикистан, во Организацијата за колективна безбедност се и ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан. Поради ситуацијата, Антонов рече дека Русија прави напори да ги зајакне руските воени бази во Таџикистан и Киргистан. Државниот комитет за национална безбедност на Киргистан минатиот месец соопшти дека групите на ИД навлегуваат во јужен Киргистан и Узбекистан.

XS
SM
MD
LG