Достапни линкови

Времето денеска: облачно и врнежливо


Во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Преку денот ќе дува засилен јужен ветер. Пообилни врнежите ќе бидат во попладневните часови и ноќта петок кога локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог. На некои повисоки места врнежите од дожд ќе поминуваат во снег особено во северните и западните делови на земјава. На планините се очекува зголемување на снежната покривка за околу 20 сантиметри. Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од пет до 10 степени. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до седум степени.

XS
SM
MD
LG