Достапни линкови

logo-print

Путин: Полицијата мора да ги реши политичките убиства


Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија мора да се ослободи од срамот и трагедиите, какво што е убиството на политичарот од опозицијата Борис Немцов, а полицијата дека мора да ги реши политичките убиства. Во изјавата за високи претставници на Министерството за внатрешни работи, се чини дека Путин ја призна штетата која и е нансена на Русија со убиствата на критичарите на владата, каков што беше Немцов, кој беше убиен на на 27 февруари во близина на Кремљ. Најсериозно внимание треба да им се посвети на ваквите злосторства, вклучително и на тие со политички нијанси, рече Путин. Тој додаде дека е „неопходно Русија да се ослободи од ваквиот срам и трагедии, како оваа што ја видовме. Мислам на убиството, на безобразното убиство на Борис Немцов во центарот на главниот град“, рече Путин.

XS
SM
MD
LG