Достапни линкови

Се разгледува изјавата на Оланд за запирање на проширувањето на НАТО


Изјавата на францускиот претседател Франсоа Оланд за привремено стопирање на процесот на проширувањето на НАТО, се разгледува во Црна Гора и Грузија. Оланд по средбата на 2 март во Париз со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека позицијата на Франција во моментов е да се одбие секое ново членство. Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, рече дека изјавата на Оланд најверојатно била дадена под влијание на напорите да се реши кризата во источна Украина и спротиставувањето на Русија, која ги критикуваше плановите на НАТО за проширување. Ѓукановиќ додаде дека ќе побара појаснување од Париз во однос на изјавата на Оланд. Црна Гора и Грузија со години работат на интеграција во ЕУ и НАТО.

XS
SM
MD
LG