Достапни линкови

ОБСЕ реагираше до СЕММ за изјавата на Миленко Неделковски


Советот за етика во медиумите денеска соопшти дека
Мисијата на ОБСЕ реагирала со допис до нив во врска со изјавата на Миленко Неделковски дадена на маргините на настанот на „Граѓанско движење за Македонија“ на 26 февруари, во Кавадарци, како и неговата редовна неделна емисија на Канал 5 телевизија.

„Забелешките на Неделковски се продолжение на негативната пракса на говор на омраза, како дел од неговите редовни искажувања. Мисијата на ОБСЕ во Скопје е вклучена во проекти против говорот на омразата. Доколку во медиумите се дозволува ширење на таков говор се компромитираат и се потценуваат нашите заложби“, се вели во реакцијата од Мисијата на ОБСЕ. Според тоа, Мисијата на ОБСЕ во Скопје „одбива каков било контакт со Неделковски и со сите медиуми што му обезбедуваат платформа за да ги искаже таквите ужасни пораки“, се вели во соопштението на Советот.

XS
SM
MD
LG