Достапни линкови

logo-print

Виена е најдобар град спред квалитет на живот


Vienna.

Vienna.

Според новиот извештај, Виена на своите жители им нуди најдобар квалитет на живот во светот, додека Цирих е на второто место. Германските градови Минхен, Диселдорф и Франкфурт исто така се меѓу првите десет. Консултантската фирма Мерсер го објави годишниот извештај за квалитет на живот во кој се опфатени 230 дестинации. Градовите во централна и источна Европа имаат поширок спектар на квалитет на животен стандард. Највисоко рангирани градови се Прага, која се наоѓа на 68 место, Будимпешта и Љубљана кои се наоѓаат на 75 место и Вроцлав на 100 место. Најниско рангирани градови во регионот се Киев на 176 место, Тирана на 180 место и Минск на 189 место. Најниско рангиран град на листата е Багдад.

XS
SM
MD
LG