Достапни линкови

Кога станува збор за прашањето на нестабилност, се плашам дека веќе не е прашање дали во Македонија ќе има нестабилност, изјави во Брисел шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Македонија е во фокусот на вниманието и е на европската агенда во рамките на Балканот, изјави високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, на прашањето дали Македонија е на агендата и дали има планови за помош на Македонија и дали Брисел стравува од појава на нестабилност во Македонија.

Кога станува збор за прашањето на нестабилност, се плашам дека веќе не е прашање дали во Македонија ќе има нестабилност.

„Во овие рамки, Македонија е на дневниот ред, како што е секогаш на дневен ред кога треба да им помогнеме на земјите кои се клучни за нашиот регион. Говорејќи за соседството, Балканот не е соседство, тоа е Европа. Во конкретниве услови уште повеќе и очигледно е дека тоа е потребно. Ги прочитав препораките на ЕП за земјата, ја следев дебатата и јас сум подготвена да го следам тоа заедно со комесарот Хан, со кого нашата работа на Балканот е многу координирана и сигурно, земјата ќе остане на агендата“, рече Могерини.

Во врска со тоа дали Брисел стравува од појава на нестабилност во Македонија, Могерини изјави:

„Кога станува збор за прашањето на нестабилност, се плашам дека веќе не е прашање дали во Македонија ќе има нестабилност“, вели таа.

Комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, пак, од своја страна побара сите партии во земјата да учествуваат во надминување на проблемите. Хан рече дека тој е во редовен контакт со политичките лидери во Македонија и дека Брисел ја има понудено својата помош за решавање на актуелната криза во земјата.

„Мислам дека и двете страни треба да се придвижат, тие треба да го почитуваат владеењето на законите, независноста на судството, да ја почитуваат слободата на медиумите и пред се, мора да почитуваат и да бараат да имаат слични или исти политички стандарди во однос на работата на Парламентот, како што е случај во другите земји“, рече Хан.

Могерини и Хан ова го изјавија на денешната прес-конференција, на која беше претставен новиот пристап на Унијата во однос на земјите од соседството.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG