Достапни линкови

Премиерот Груевски: Заев е на тенок мраз


Премиерот Никола Груевски изјави дека тезите на лидерот на опозицијата Зоран Заев дека не е важно кој го вршел прислушувањето туку дека е важна содржината на разговорите, како и оти е нормално едно семејство да се допишува со криптирани пораки, се искривени тези кои покажуваат дека тој е на тенок мраз и оти со нив се разобличува и се заплеткува во интригите со кои сам се заплеткал, смета Груевски.

„Не може да не е важно кој направил упад во државниот систем, дека била организирана агентурна мрежа, оти била вмешана странска разузнавачка служба, дека Заев на некој начин е инструмент на таа разузнавачка служба која потплатувала свои соработници во Македонија, од кои дел го признале делото дека биле потплатувани, работеле по нивен налог и добивале и спроведувале нарачки од таа страна“, вели Груевски.

XS
SM
MD
LG