Достапни линкови

logo-print

Земи нов за да вратиш стар кредит


Владата вчера ненајавено се задолжи 21 милиони евра на домашниот пазар, за денеска да врати скоро 45 милиони евра.

Јакнење на финансиската позиција на државата, сигнал до бизнисот дека економијата е во добра кондиција, отворање простор за нови задолжувања или популистички чекор кој пред домашната јавност, во ек на сериозна политичка криза, треба да покаже дека состојбата на економски план е добра. Економистите различно гледаат на предвременото раздолжување на владата кон ММФ.

Тоа е класична политичка мерка. Владата сега е во една непопуларна состојба како што порано не била и сега сака да покаже дека барем на економски план е ликвидна, меѓутоа самото наредно задолжување со обврзница покажува дека тоа е популизам.

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, во саботата соопшти дека владата предвреме ја враќа последната рата од кредитот кон ММФ од 174 милиони долари. Ставрески рече дека долгот е платен со пари од девизните резерви, а предвремената исплата и заштеди на државава 5 милиони евра на камати и курсни разлики.

Архивска фотографија: Шефицата на Мисијата на ММФ за Македонија, Ивана Влаткова-Холар, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на НБРМ Димитар Богов на заедничка прес конференција во Скопје.

Архивска фотографија: Шефицата на Мисијата на ММФ за Македонија, Ивана Влаткова-Холар, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на НБРМ Димитар Богов на заедничка прес конференција во Скопје.

За дел од економистите тоа е потврда на добрата кондиција на буџетот што ќе го подобри имиџот на Македонија пред меѓународните финансиски институции. Други, пак, сметаат дека потегот е погрешен затоа што се враќа кредит со пониска камата со пари од друг кредит со повисока, односно дека кредитот кон ММФ се враќа со пари од кредитот од евробврзницата.

Ако должиме, на пример, за патишта, за железница, за аеродроми, за фабрики, за инвестиции, тоа е оправдано, затоа што тие задолжувања се враќаат. Знаете што значи трошоци за изградба на патишта на пример? Вкупно се намалува трошокот за целата национална економија, и на граѓаните и на стопанството.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов, пак, во предвременото враќање на долгот кон ММФ не гледа како на економски, туку како на политички чекор.

„Тоа е класична политичка мерка. Владата сега е во една непопуларна состојба како што порано не била и сега сака да покаже дека барем на економски план е ликвидна, меѓутоа самото наредно задолжување со обврзница покажува дека тоа е популизам“, вели Витанов.

Тој вели дека во секоја земја министерот за финансии кажува дека буџетот е во добра состојба, дури и кога не е и оти Македонија никогаш не била позадолжена од сега.

Владата вчера на домашниот пазар ненајавено се задолжи за 21 милиони евра, а денеска треба да врати скоро 45 милиони евра. Според податоците објавени од Министерството за финансии, долгот на владата на крајот на минатата година бил 3,3 милијарди евра, односно 38,1 отсто од БДП-то. По раздолжувањето кон ММФ, Ставрески рече дека долгот сега е намален на 36,6 отсто.

Универзитетскиот професор Јован Пејковски вели дека е важно колку должиме, но уште поважно е за што должиме.

„Ако должиме, на пример, за патишта, за железница, за аеродроми, за фабрики, за инвестиции, тоа е оправдано, затоа што тие задолжувања се враќаат. Знаете што значи трошоци за изградба на патишта на пример? Вкупно се намалува трошокот за целата национална економија, и на граѓаните и на стопанството. На пример, знаеме дека Македонија е енергетски зависна држава којашто увезува енергија и затоа задолжувања за инвестиции во енергетика и тоа како се оправдани“, вели Пејковски.

Опозицијата долго време критикува дека владата ја задолжува земјата за непродуктивни трошења, додека власта тврди дека капиталните инвестиции се повисоки од кога и да е претходно.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG