Достапни линкови

Франсоа Оланд во мај ќе ја посети Куба


France's President, Francois Hollande.

France's President, Francois Hollande.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, во мај ќе патува за Куба на прва досегашна посета на островот од страна на француски престседател. Патувањето се очекува да биде и прво од страна на западен лидер во комунистичката земја, откако САД и Куба во декември најавија историски зближувања на односите.

Во меѓувреме, Европската унија и конунистичкиот режим ќе ги продолжат преговорите на 4 и 5 март во Хавана со цел нормализирање на односите. Дипломатските односи меѓу Европската унија и Куба беа суспендирани во 2003 година, поради спорот околу состојбата со човековите права во Куба.

Американскиот претседател Барак Обама, рече дека се надева оти до април САД ќе отворат амбасада во Хавана и повика на укинување на децениското економско ембарго кон островот.

XS
SM
MD
LG