Достапни линкови

Генерал Демпси: иранската улога во Тикрит би била позитивна


Шефот на американскиот Здружен штаб генерал Мартин Демпси изјави дека иранската поддршка во ирачката акција за истерување на милитантите на Исламската држава од градот Тикрит би била позитивна доколку тоа не поттикне меѓуверски тензии. Според него, Иран и неговите поддржувачи оперираат во Ирак уште од 2004 година, но оти кампањата во Тикрит би било сигнал за ново ниво на нивната вклученост. Демпси прецизира дека две третини од силите вклучени во операцијата во Тикрит биле шиитски борци од Иран, додека една третина се ирачки војници. Тикрит е родното место на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин и е претежно населен од сунити.

XS
SM
MD
LG