Достапни линкови

Руски бомбардери во близина на Ирска


Патнички авиони избегнале блиска средба со руски бомбардери во воздушниот простор на Ирска. Ирските власти соопштија дека два бомбардера од типот ТУ 95 на 18 февруари летале на 40 километри од брегот на Ирска. Притоа еден патнички авион морал да го смени летот за да избегне можен судир. Според ирските власти, руските бомбардери ги имале исклучено нивните транспондери со што тие станале невидливи за контролорите на летањето. НАТО соопшти дека има драстично зголемување на ваквите излети на руски воени авиони по заладувањето на односите меѓу Западот и Москва поради украинската криза.

XS
SM
MD
LG