Достапни линкови

Западот е за силна реакција ако се наруши примирјето во Украина


Франција соопшти дека американскиот претседател Барак Обама и европските лидери се согласиле дека ќе биде неопходна силна реакција доколку биде нарушено примирјето меѓу Украина и проруските сепаратисти. Елисејската палата соопшти дека на видео конференција лидерите на Соединетите држави, Франција, Германија, Британија, Италија и на Европскиот совет ја потврдиле важната улога на ОБСЕ во надгледувањето на договорот за прекин на огнот од Минск. Киев и западните влади ја обвинуваат Русија за поддршка на сепаратистите во источна Украина и покрај Минскиот договор постигнат на 12 минатиот месец. Москва тоа го демантира.

XS
SM
MD
LG