Достапни линкови

Времето денеска: сончево и потопло


Во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Попладне се очекува облачноста да се зголеми особено во западните делови каде што е можно во текот на ноќта да има и слаб локален дожд. Ќе дува слаб, а попладне повремен умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 10 до 16 степени. Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

XS
SM
MD
LG