Достапни линкови

logo-print

Грчкото обвинителство препорача ослободување на лидерот на Златна Зора


Golden Dawn leader, Nikos Michaloliakos.

Golden Dawn leader, Nikos Michaloliakos.

Јавно обвинителство на Грција денеска му препорача на Судскиот совет во Атина да го ослободи од притвор со кауција, лидерот на неонацистичката партија Златна зора, Никос Михалолијакос, кој е обвинет за „членство во криминална организација“.

Обвинителството побара Михалолијакос, кој е еден од 18-те пратеници на Златна зора во грчкиот Парламент, да биде ослобоен со кауција од 125.000 евра и до крајот на судскиот процес против него да остане во домашен притвор.

Михалолијакос беше уапсен во септември 2013 година, по убиството на еден музичар-антифашист, извршено од страна на член на Златна зора. Заедно со Михалокијакос за „членување во криминална организација“ се обвинети и сите 18 пратеници на Златна зора во претходниот состав на грчкиот Парламент. Доколку бидат прогласени за виновни, осомничените може да заработат казни затвор во траење до 20 години.

XS
SM
MD
LG