Достапни линкови

Нетанјаху го предупреди Конгресот за лош нуклеарен договор со Иран


Israeli Prime Minister, Benjamin Netanyahu.

Israeli Prime Minister, Benjamin Netanyahu.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во своето обраќање пред Конгресот на САД изјави дека и покрај неодамнешната привлечна кампања на претставниците на Иран, иранската владa и натаму останува непријател, не само за Израел туку и за САД, додавајќи дека Вашингтон не смее и натаму да дозволува да се развива нуклеарната програма на Иран.

Нетанјаху рече дека предложениот договор нема да го спречи Иран да добие нуклеарно оружје. Тој вели дека секој договор кој не е обврзувачки Иран целосно да ја уништи својата нуклеарна програма, ќе има тешки последици во иднина. Нетанјаху пред Конгресот рече: „да се порази ИД, но Иран да добие нуклеарно оружје значи добивање на битката, но губење на војната.

XS
SM
MD
LG