Достапни линкови

Седум загинати во напад на бомбаш самоубиец во Авганистан


Авганистанската полиција соопшти дека најмалку седум луѓе се убиени во северната провинција Хелманд, кога бомбаш самоубиец активирал експлозив во возило во близина на воена база. Портпаролот на полицијата во Хелманд, Фарид Ахмад Обеид, изјави дека целта била воен кордон во областа Сангин. Според полициските извештаи, најмалку седум луѓе се повредени во нападот. Се уште никој не ја презема одговорноста за нападот. Минатиот месец, армиојата започна офанзива против талибанските упоришта во Хелманд.

XS
SM
MD
LG