Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ поднесе неосновани тужби


ВМРО - ДПМНЕ соопшти дека СДСМ поднеле целосно неосновани тужби без никаква правна аргументација, откако денеска опозициската партија поднесените три кривични пријави до Јавното обвинителство.

„Денешната постапка на СДСМ е штур и површен пристап за дефокусирање на јавноста од законските процедури против Зоран Заев. Овој чекор на СДСМ нема никаква правна логика и аргументација. Ако СДСМ и Зоран Заев мислат дека на ваков начин ќе се извлечат, дека ќе се амнестираат себе и соработниците од нелегалните и незакоски дејствија, со кои самите се втурнаа во кал, а се обидуваат да ја втурнат и државата, треба да знаат дека се лажат“, се вели во реакцијата.

XS
SM
MD
LG