Достапни линкови

Путин и Лукашенко разговараа за соработката меѓу двете земји


Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко, денеска се состанаа во Москва да разговараат за иднината на Унијата што ги поврзува двете земји.

Унијата која беше формирана во 1996 година резултираше со постигнување на неколку договори во насока на создавање на поголема социјална, економска и политичка интеграција. Но, плановите за единствена валута беа одамна откажани, делумно поради загриженоста на Лукашенко дека на Путин ќе му отстапи премногу власт над својата земја.

Путин рече дека Унијата не е замена за заедничкиот пазар и заедничкиот економски простор, кој беше поставен меѓу Казахстан, Белорусија и Русија, во групата која сега се нарекува Евроазиска економска унија. Но, Путин рече „ние имаме наши прашања и задачи со кои се справуваме во Унијата и до тој степен оваа унија на некој начин е повеќе напредна.“ Лукашенко ја пофали соработката меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG