Достапни линкови

Продолжува жестоката офанзива кон Тикрит


Извештаите од Ирак велат дека жестоки борби се воделе во околината на Тикрит, во вториот ден од воената операција за враќање на родниот град на починатиот диктатор Садам Хусеин, од милитантите на Исламската држава.

Владата за операцијата мобилизираше 30 илјади припадници на безбедносните сили, вклучително војници, шиитската милиција и сунитските арапски борци, поддржани од артилерија и воздушни напади. Жестоки инапади се случиле јужно од градот Тикрит, но и внатре во градот.

Но, офицерите соопштија дека владиниот напредок бил забавен од снајпери и од бомби поставени покрај патиштата. Офанзивата е дел од кампањата за отстранување на милитантите на Исламската држава од провинцијата Салахудин.

XS
SM
MD
LG