Достапни линкови

Погребан е Борис Немцов


Погубениот руски политичар Борис Немцов, денеска беше погребан во емотивно проштална церемонија, на која присуствуваа илјадници луѓе. Немцов кој беше гласен критичар на претседателот Владимир Путин, беше убиен на 27 февруари во Москва. Ожалостените додека го носеа Немцов на гробиштата извикуваа „Русија ќе биде слободна“. Дмитриј Гудков, еден од неколкуте останати опозициски политичари во Парламентот, на церемонијата рече „нема да кажам збогум, бидејќи хероите никогаш не умираат“.

XS
SM
MD
LG