Достапни линкови

Мали шанси за договор за нуклеарната програма на Иран


Американскиот претседател Барак Обама, изјави дека ако се постигне договор, тогаш Иран треба да се согласи најмалку една деценија да ја замрзне неговата нуклеарна програма.

Во изјава за Ројтерс Обама додаде дека шансите се уште се против постигнување на таков договор. Денеска иранскиот Министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, ги одби барањата на Обама како неприфатливи.

САД и другите пет сили бараат договор со Иран врз основа на кој Техеран ќе ја лимитира својата нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите.

Израелскиот Премиер Бенјамин Нетанјаху, се спротистави на договорот во пресрет на обраќањето пред Конгресот. Тој вчера рече дека никлеарен договор со Иран би можел да го загрози опстанокот на Израел. Шесте сили и Иран поставија рок до крајот на март за постигнување на договор и од 30 јуни постигнување на целосен договор.

XS
SM
MD
LG