Достапни линкови

Корејскиот Полуостров е буре барут


Министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ри Су Јонг изјави дека Корејскиот Полуостров е буре барут и дека Пјонгјанг има моќ да ги одврати „зголемените нуклеарни закани на САД.“

Ри рече дека заедничките воени вежби на Јужна Кореја и САД се „невидено провокативни по природа и создаваат особено висока можност за поттикнување војна.“

Тој додаде дека Северна Кореја треба да ја зајакне својата нуклеарна способност за да се справи со постојаното зголемување на нуклеарната закана на САД. На форумот во Женева Ри изјави дека Пјонгјанг има моќ да ги одврати САД и ако е потребно може да спроведе превентивен удар против силите на САД.

XS
SM
MD
LG