Достапни линкови

Шапка остана без снежни манифестации


Во текот на целата зимска сезона на Попова Шапка никој не побарал помош за организација на настан, вели Петре Димитриевски од менаџментот на ски-центарот.

Втора година по ред на Попова Шапка нема да се одржува најпознатиот скијачки натпревар „Шарпланински Куп“, а замираат и останатите слични спортски или друг вид манифестации на овој скијачки центар. Иако започнаа редовно да се одржуваат, годинава ги нема ниту скијачката Универзијада и детското републичко првенство.

Досега нема побарано некој од скијачкиот центар Попова Шапка да одржи некоја манифестација, дали Универзијада или некое клупско натпреварување, синдикално уште нема.

Во текот на целата зимска сезона на Попова Шапка никој не побарал помош за организација на настан, вели Петре Димитриевски од менаџментот на ски-центарот.

„Досега нема побарано некој од скијачкиот центар Попова Шапка да одржи некоја манифестација, дали Универзијада или некое клупско натпреварување, синдикално уште нема. Се надевам дека наредниот период некој ќе пројави интерес за да направи некое натпреварување. Инаку сега засега нема ништо“, истакна Димитриевски.

Петре Димитриевски, менаџер на скијачкиот центар Попова Шапка.

Петре Димитриевски, менаџер на скијачкиот центар Попова Шапка.

Спортскиот работник и секретар на тетовскиот сојуз на спортови, Крсте Серафимовски, кој неколку децении учествувал во организацијата на овие манифестации, објаснува дека порано речиси секој викенд на Попова Шапка имало одржување на повеќе видови случувања.

Нема натпревари да се организираат ниту во Битола, ниту во Крушево, ниту пак на Попова Шапка и Маврово, во тие центри кои би требало да живеат со скијањето. Тоа е огромна штета.

„На Попова Шапка се организирале натпревари од градски па се до меѓународни натпревари. Значи отворено градско првенство, за пионери, за младинци, за сениори, државни првенства кои биле на многу голема висина организирани и со голем број учесници од цела Македонија. За жал денеска нема ниеден натпревар од државен карактер, а не постојат ние клубови во Република Македонија кои биле активни, како што биле некогаш“, вели Серафимовски.

Според него, причината е во немањето волја како и финансиските можности, иако во поранешна Југославија и со помалку технички опрема се организирале скијачките натпревари.

„Веројатно згасна ентузијазмот на луѓето кои се занимаваа со тој спорт, ентузијасти. И финансирањето на клубовите со децентрализацијата на локалната самоуправа многу малку се издвојуваат средства за скијачкиот спорт во сите општини, особено Тетово, Маврово, Крушево, Битола кај што беа центри и кај што имаше најголем број натпреварувачи кои даваа квалитетни скијачи во рамки на скијачката федерација. Би кажал дека е огромна штета за денеска да не функционираат клубовите. Нема натпревари да се организираат ниту во Битола, ниту во Крушево, ниту пак на Попова Шапка и Маврово, во тие центри кои би требало да живеат со скијањето. Тоа е огромна штета. Денеска гледаме на телевизија настапуваат само 3-4 скијачи во состав на репрезентацијата на Македонија. Тоа се сениори, подмладок значи воопшто нема. Нема генерации на кои понатаму ќе се потпреме и да мислиме на скијачкиот спорт во Македонија“, смета Серафимовски.

Единствена новина на Попова Шапка е тоа што за прв пат се одржа манифестацијата Снежен град за деца, која всушност е префрлена од Маврово, но не се знае дали во иднина ќе продолжи да ја има на тетовскиот скијачки центар.

XS
SM
MD
LG