Достапни линкови

Заев: Ставревски малку се согласувал со Груевски


Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека од телефонските разговори што ги поседува, во кои е снимен министерот за финансии Зоран Ставрески, во многу малку од нив тој се согласувал со премиерот Никола Груевски. Во интервју за телевизија Телма Заев изјави дека Ставревски можел или да даде оставка или да ги негира снимките што претходно на прес конференција ги објави лидерот на СДСМ. На нив Ставрески неколку пати ѝ се жали на министерката за внатрешни работи дека Владата премногу троши. Синоќа Ставревски го обвини Заев дека објавените снимки биле селективни и креирани.

XS
SM
MD
LG