Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно и врнежливо


Во Македонија ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаби локални врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен, а во источните делови и долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од осум до 14 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

XS
SM
MD
LG