Достапни линкови

Ставрески - Времето ќе покаже кој прислушувал


Министерот за финансии Зоран Ставрески

Министерот за финансии Зоран Ставрески

Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека денешните снимки од телефонските разговори меѓу него и министерката Гордана Јанкуолска, кои ги објави лидерот на опозицијата Зоран Заев, биле нецелосни и со селективна природа и имале за цел да внесат раздор во економскиот тим на Владата. Според него, сето тоа што Заев го зборувал денеска не е дел од реалноста, односно слушнале замена на тези и селективни разговори , надвор од вистинскиот контекст. Ставрески на пресконференцијата не ја негираше, ниту потврди автентичноста на прислушуваните разговори во кои тој и Јанкулоска разговараат за неконтролираното трошење на буџетските пари за непродуктивни работи.

Според него, целта е да се направи раздор и немир во општеството, но како што нагласи последниот збор го имаат граѓаните. Ставрески посочи дека времето ќе покаже низ целата правна постапка кој го правел прислушувањето и оти со сигурност ќе се утврди тоа. Според него случајот мора да има правна разрешница и дека сето ова најмалку во корист им оди на граѓаните на Македонија.

Во однос на македонска економија тој посочи дека е во добра состојба и никакво сценарио за банкрот нема да се случи. Кондицијата на буџетот е одлична, а тоа го потврди и предвременото раздолжување кон ММФ. Според него, нормално е луѓето во Владата да имаат различни мислења, но сите тие се ставаат на маса, се разгледуваат, се разменуваат аргументи за на крај да се бира најквалитетно решение за граѓаните, согласно програмата.

XS
SM
MD
LG