Достапни линкови

logo-print

Вонредни разговори меѓу Русија и Украина за спорот со гасот


Русија и Украина одржуваат вонредни разговори со цел решавање на спорот за снабдување со гас, кој претставува и закана за испораката на гас во Европа. Руската државна компанија Газпром, минатата недела се закани дека ќе ги запре испораките за Украина поради неплаќање.

Европската унија која посредува со разговорите во Брисел, соопшти дека се надеваат на позитивен исход во разговорите меѓу министрите за енергија на Русија и Украина. Газпром се закани дека ќе ги пренасочи испораките во источниот дел на Украина кој го контролираат проруските сепаратисти. ЕУ добива од Русија околу една трети гас и половина од тој износ минува низ цевките кои минуваат низ Украина.

XS
SM
MD
LG