Достапни линкови

Загинаа осум цивили во експлозии во Авганистан


Најмалку осум цивили загинаа при експлозија на бомби поставени покрај пат во источниот дел на Авганистан. Портпаролот на полцијата во провинцијата Нангархар, Хазард Хусеин Машрекивал, изјави дека најмалку шест цивили, меѓу кои две жени и две деца, загинале кога нивниот автомобил бил погодено од бомба покрај патот во областа Ахин. Двајца ученици загинаа во одделни бомбашки напади во главниот град на провинцијата, Џалалабад. Во нападите се повредени и тројца цивили. Ниту една организација не ја презеде одговорноста за нападите. Талибанците често извршуваат слични напади врз цивили и полицијата.

XS
SM
MD
LG