Достапни линкови

logo-print

Заев - Се надевам дека Груевски нема да направи беља во Македонија


Оваа политичка криза е најверојатно најголемата политичка криза од самостојноста на Македонија, а Никола Груевски секојдневно ја носи земјата во сè подлабока криза. Јас само се надевам дека нема во план да направи некоја беља во Македонија. Тоа нема да му го дозволиме ниту јас, ниту граѓаните, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања. Тој вели дека решенијата за оваа политичка криза ќе дојдат на повидок.

„Мора да има политичка разрешница. Правна разрешница од ова ниту ќе има, ниту очекуваме да има. Трпеливо, со доволно време за да ја изнесеме целата вистина пред македонската јавност, а консеквентно на тоа ќе дојдат и политичките решенија“, рече Заев.

Заев се надева дека на премиерот нема да му падна на памет да прави немири.

„Времето што доаѓа апсолутно од него зависи. Дали ќе и олесни на Македонија и брзо ќе ги влече потезите во прилог на добрата иднина на Македонија или не. Крајот на овој режим и диктатура доаѓа“, изјави Заев.

Тој вели дека правна разрешница на случајот може да се очекува во нормалана држава, со нормален правен систем.

„Само тогаш може да очекуваме правда, не само за сведоците, за процесот „Пуч“ или за кој било. Во нашата држава во 21 век е дискутабилно дали ќе има правда или не. Кога ќе има нормален правосуден систем, тогаш вистината за тоа кој прислушувал, а кој не ќе биде обелоденета“.

Заев се надева дека овој процес мора да донесе ветер во грб за нашата земја и да и даде шанса она што го заслужува и државата и граѓаните да го добијат.

XS
SM
MD
LG