Достапни линкови

logo-print

Кери: Русија веднаш да го имплементира договорот од Минск


US Secretary of State John Kerry.

US Secretary of State John Kerry.

Американскиот Државен секретар Џон Кери, вели дека Русија неизбежно ќе се соочи со дополнителни економски санкции доколку не го имплементира договорот за прекин на огнот од Минск и не бидат спроведени чекорите за мир во источна Украина.

На маргините на сесијата на Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева, Кери имаше средба со рускиот Министер за надворешни работи Сергеј Лавров, и рече дека се надева оти договорот за прекин на огнот ќе биде целосно спроведен во следните неколку часа и не за повеќе од неколку дена.

Кери изјави дека му повторил на Лавров дека договорот од Минск мора да се спроведе од страна на руските лидери и проруските сепаратисти во сите делови на источна Украина, и дека во спротивно договорот ќе значи отворање на патот кон разочарувањето и натамошното насилство.

Исто така, на маргините на сесијата во Женева, Кери изјави дека имало одреден напредок во разговорите за иранската нуклеарна програма, но предупреди дека патот е долг кон постигнување на договор со Техеран.

Во Женева, иранскиот Министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, изјави дека договорот би можел да се заклучи оваа недела ако преговарачките страни имаат дополнителна политичка волја и согласност да се отстранат санкциите кон Техеран.

XS
SM
MD
LG